Франција без Поарие на ЛОИ во Париз

Францускиот кошаркар Винсент Поарие ќе ги пропушти претстојните Олимписки игри поради повреда на левиот зглоб, соопшти денеска Француската кошаркарска федерација (ФФББ).

Поаре освои сребрен медал со францускиот тим на Олимпијадата во Токио во 2021 година.

Кошаркарскиот турнир во ОИ ќе се игра од 27. јули до 10. август. На ОИ Франција ќе игра во групата Б со селекциите на Германија, Јапонија и победникот на квалификацискиот турнир во Летонија.

Се вчитува...