Франција без Упамекано против Израел и Белгија

Стоперот на Баерн Минхен, Дајо Упамекано нема да биде дел од француската репрезентација против Израел и Белгија за натпреварите во Лигат на Нации поради повреда.

Искусниот дефанзивец заработи повреда на тетивата и мускулот на десната нога на натпреварот против Франкфурт во германското првенство и ќе мирува за време на репрезентативната пауза.

Неговото место ќе го замени Лоик Баде, соопшти фудбалската федерација на Франција.

Се вчитува...