Мала е веројатноста Виктор Вембенјама да ја предводи Франција на престојниот Евробаскет кој ќе се одржи оваа година. Тоа го потврди и неговата последна изјава за американските медиуми.
На младиот Французин му беше дијагностицирана венска тромбоза во пределот на десното рамо поради која не настапува во НБА лигата, а и покрај тоа што веќе се одвива рехабилитацијата и тој неодамна им се приклучи на соиграчите во Сан Антонио, се уште нема дозвола од докторите да тренира со тимот.
„Се чувствувам подобро. Убаво е што повторно сум со екипата и напорно тренирам“, изјави Вембенјама кој потоа говореше и за репрезентативните обврски.
„Во вакви околности не ми е приоритет да размислувам за Евробаскетот. Не знам дали е тоа реално, има многу неизвесности, но секако, сакам да игра на секое натпреварување со Франција“
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА