Франција без ѕвездата на Баерн Минхен на Евро 2024?

Мала е веројатноста дека Кингсли Коман ќе му биде на располагање на селекторот на Франција, Дидие Дешамп за престојното Европско првенсто кое оваа година ќе се одржи во Германија, пренесува „Л’Екип“.

Крилниот напаѓач на Баерн Минхен оваа сезона настапи на само 27 натпревари, пропуштајќи голем дел од сезоната поради повреда прво на лигаментите на коленото, а сега и на адукторот.

Ни самиот Коман не верува дека ќе биде подготвен навреме за настап на собирот на најдобрите европски фудбалски репрезентации па Дешамп ќе мора да ја бара неговата замена. Веќе се шпекулира дека шанса ќе добијат Бредли Барколa од ПСЖ и Муса Дијаби од Астон Вила.

Се вчитува...