Франција дефинитивно без Мбапе на ОИ во Париз

Килијан Мбапе во неколку наврати во последните две години изјавуваше дека негов голем сон е да настапи за Франција на ОИ во Париз и да ги предводи „триколорите“ во атакот на олимписко злато.

Ситуацијата во меѓувреме се промени, па таа желба нема да му се исполни откако Мбапе реши да си замине од ПСЖ, а неговиот нов клуб Реал Мадрид има јасен став по ова прашњње. Имено, францускиот весник „Л’Екип“ објави дека раководството на Реал веќе известило неколку национални федерации, меѓу нив и француската, дека „кралевите“ немаат намера да ги пуштаат своите фудбалерите за настап на претстојните еОлимписки Игри.

Бидејќи ОИ не се спортски настан под капата на ФИФА клубовите немаат обврска да дадат зелено светло за настап на своите играчи. Дел од нив тоа го прават од престиж, но ставот на Реал Мадрид на оваа тема е јасен, особено за суперѕвезда како Мбапе што веќе неколку години ја следеа за летово конечно да го доведат Французинот на „Сантијаго Бернабеу“.

Селекторот на олимписката селекција на Франција, легендарниот Тиери Анри, претходно најавуваше супер-тандем Мбапе – Гризман за ОИ во Париз, но сега и самиот тој признава дека „се е во рацете на клубовите“, а шансите оние кои настапуваат надвор од француското првенство да добијат зелено светло од нивните клубови се многу мали.

Се вчитува...