Откако пред неколку дена најави заминување од ПСЖ, Килијан Мбапе ги разочара уште еднаш фановите во Франција, откако е јасно дека нема да игра на престојните Олимписки игри.
Тој е еден од тројцата играчи на кои Франција сметаше на престојните Олимписки игри кои се одржуваат токму во Париз. Меѓутоа проблем ќе направи трансферот во Реал Мадрид, кој претходно соопшти дека нема да ги пушта своите играчи на ЛОИ.
Реал Мадрид не сака да си дозволи евентален умор или повреда, со оглед дека Мбапе ќе игра и на престојното Европско првенство во Германија за својата репрезентација, па настап на Олимпијада ќе дојде премногу.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА