Французите се во еуфорија и имаат зошто, нивната национална селекција ќе игра ново мундијалско финале, прво по пауза од дванаесет години.
„Триколорите“ вечерва ја совладаа соседна Белгија, а веднаш по последниот свиреж навивачите почнаа да се собираат низ градовите ширум Франција. Најмасовно очекувано е во Париз, каде илјадници фанови излегоа на „Елисејските полиња“ и се упатија кон „Триумфалната капија“, за прослава на големиот успех на избраниците на Дешамп. Фотографиите од оваа прослава веднаш стигнаа и до самите фудбалери.
„Горди сме што му носиме радост на францускиот народ. Фотографиите од Елисејските полиња се фантастични, сигурно ќе ни бидат мотив повеќе уште повеќе да ги израдуваме нашите сонародници в недела“ – изјави Антоан Гризман.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

