Ракометарките на Франција се новите светски шампионки. Во големото финале на СП во Германија, Французинките славеа сензационална победа со 23-21 и успеаја да ја симнат Норвешка од светскиот трон. За Франција ова е втора шампионска титула на светските ракометни првенства во женска конкуренција и втора на светските ракометни првенства годинава, по титулата на машката репрезентација освоена на СП во јануари исто така против Норвешка. Французинките во поголем дел успеваа да им парира на брзите Норвежанки кои на средината од првиот дел дојдоа до највисока предност од 7-4, а клучни беа одбраните на Лејно и сигурната игра во финишот што на крај им донесе и голема победа за титула.
За Французинките пласманот во финалето и светската титула се огромен успех со кој ја заокружија исклучително трофејната година за францускиот ракомет во сите категории. Франција предводена од голманката на Вардар, Амандин Лејно одигра храбро и сигурно во решавачките моменти. Французинките во поголем дел успеваа да им парира на брзите Норвежанки кои на средината од првиот дел дојдоа до највисока предност од 7-4. Но, францускиот селектор Оливие Крумболц најде решение да го сопре противникот со одбрана 5-1. Лејно одбрани два седмерци и Франција на одмор замина со гол предност (11-10).
Ефикасната игра на Франција продолжи и на почетокот од вториот дел кога постигнаа два гола во серија и ја зголемија предноста на 13-10 . Французиките ја одржуваа предноста до 44.минута кога Норвешка преку Кристијансен изедначи на 17-17, се одбранија и во следниот напад Хајди Локе изнуди седмерец, но Клеопатра Дарло го одбрани ударот на Кристијансен за продолжување на неизвесноста и во последната четвртина од големото финале во Хамбург за светската титула.
Норвешка со погодокот на Локе одново се врати во водство (17-18), но Французинките брзо возвратија за ново изедначување на десет минути пред крај. Локе и донесе водство на Норвешка, но бранителките на титулата не успеаваа во финалето не беа суеприорни како на претхоните дуели и не успеаја да се одлепат. Французинките трпеливо ја чекаа својата шанса, Алисон Пино на пет минути пред крај беше прецизна за ново водство на Франција со 21-20, а Амандин Лејно сигурно го чуваше голот. Со неколку одбрани во решавачките минути, Лејно ја одбрани предноста на Франзија, а втората вардарка во францускиот состав, Александра Лакрабер го постигна победничкиот гол за титула.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА