Франција го доби првото вистинско дерби на Светското првенство 2021 во Египет, славејќи против Норвешка со 28-24 во Групата Е.
Францускиот голман Пардин имаше извонреден настап издвојувајќи се како херојот во победата на Французите. Пардин го заврши натпреварот со дури 19 одбрани и беше избран за играч на средбата, додека во нападот Французите беа предводени од Мае со 9 погодоци. Кај Норвешка најдобар поединец беше Сагосен со 10 гола.
Португалија оправдувајќи ја фаворитската улога славеше против Исланд (25-23) во првото коло од групата Ф. Исланѓаните на овој натпревар беа без својот најдобар ракометар Арон Палмарсон, па дозволија португалскиот тим да дојде до посакуваната победа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА