Франција и Белгија до рутински победи над аутсајдерите

На помалку од десет дена до стартот на ЕВРО 2024 селекциите учеснички на елитниот собир ги играат последните контролни средби, а селекторите на Франција и Белгија решија да играат контроли со далеку послаби ривали, за да ја зголемат самодовербата во своите редови.

Така, Французите вечерва за противник го имаа Луксембург, меч што рутински го добија со 3-0. Коло Муани го отвори резултатот пред крајот на првото полувреме, а во вториот дел прецизно стрелаа и Клос и Мбапе, за лесно победа на „триколорите“. Селекторот Дешамп сепак се соочи со неочекуван проблем откако Упамекано го повреди мускулот и мораше да биде заменет на полувремето, па останува да се види дали стандардниот дефанзивец ќе биде „фит“ за почетокот на европскиот шампионат.

Белгија се сретна со селекцијата на Црна Гора, лесно славејќи со 2-0. Де Бруине стрелаше прецизно за 1-0 пред крајот на првото полувреме, по што во самиот финиш од мечот Тросар ги постави конечните 2-0 од пенал, откако Доку беше соборен во противничкиот шеснаесетник.

Се вчитува...