Франција и Шпанија во битка за трофејот кој се уште нема вредност како Светско и Европско првенство

Франција и Шпанија ќе се сретнат во финалето на второто издание во Лигата на нации. Вечерва ќе ја дознаеме репрезентацијата која ќе ја налседи Португалија, која пред две години беше првиот освојувач на новото натпреварување на УЕФА.

Французите кои се актуелни светски шампиони во мечот влегуваат како мал фаворит, но и со голем мотив за победа по дебаклот и изненадувачката елиминација на Европското првенство пред чив почеток беа и први фаворити.

Луис Енрике полека, но сигурно ја враќа Шпанија во светскиот врв и по полуфиналето на Еврошампионатот каде несреќно беа поразени од Италија по изведување на пенали, денеска ќе има шанса да го освои првиот трофеј со „црвената-фурија“. Најверојатно поради повреда тој нема да може да смета на својот во моментов најдобар фудбалер, Феран Торес.

Од друга страна Дидие Дешамп нема во тимот да го има Адриен Рабио кој отпадна од комбинација за овој меч поради позитивен тест за коронавирус.

Се вчитува...