Франција ја надигра и Австрија за полуфинале на ЕП

Ракометната репрезентација на Франција го задржа сто отстотниот учиник во втората групна фаза на Европското првенство кое се одржува во Германија откако во четвртиот натпревар славеше против Австрија со 33-28, потврдувајќи ја првата позиција во групата „1“.

Мотивираните Австрици подобро го започнаа натпреварот и од самото отварање стигнаа до предност од три голови (2-5), но како што одминуваа минутите Франција успеа да се врати во игра, влезе во серија па и самата поведе со 15-12. Финишот на првото полувреме сепак беше во знакот на „црвено-белите“ кои со серија од 4-0 негативата ја претворија во минимална предност од 15-16.

Сепак ракометарите на Австрлија не успеаја да го задржат моментумот. „Триколорите“ влегоа во нова серија и со одлична игра на двата дела од теренот стигнаа до предност од четири голови (30-26) во вториот дел од второто полувреме, а предноста умееја да ја задржат и до самиот крај.

Мем и Фабрегас со по седум голови беше лидери на Франција, додека по шест голови за Австрија забележаа Билјк и Хутечек.

Се вчитува...