Франција е освојувачот на Светската лига во одбојка откако „триколорите“ во драматично финале славеа над домаќинот Бразил со 3-2 во сетови. Бразилците ја имаа поддршката од 21.000 навивачи, но и тоа не им беше доволно за да ја прекинат серијата порази, со оглед на фактот дека ова е веќе петто финале во низа во Светската лига што „кариоките“ не успеваат да го добијат.
Домаќинот собра или за да го добие четвртиот сет со 25-19 и да се избори за тајбрејк, но во решавачките момени поприсебни беа Французите, кои триумфираа со 15-13. Ова е втор трофеј во Светската лига за „триколорите“, по оној во 2015 година, а најзаслужни беа Нгапет со 29 и Бојер со 18 поени.
Бронзениот медал замина кај Канаѓаните, откако оваа селекција во малото финале ја совлада репрезентацијата на САД со 3-1 во сетови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА