Франција ја освои титулата на женскиот ракометен шампионат до 20 години

Ракометната репрезентација на Франција е освојувач на Светското првенство за ракометарки до 20 години кое се играше во Македонија. Французинките до титулата стигнаа со победа во финалниот меч во СЦ „Борис Трајковски“ над Унгарија …

Првото полувреме мина во израмнета игра па по 30 минути беше нерешено 11-11. Клучната разлика Французинките ја направија во вториот дел во кој на крајот стигнаа и до три гола предност 26-29 што беше доволно за титула.

Претходно во мечот за бронзата Холандија беше подобра од Данска 34-28. На последниот ден од шампионатот се одиграа и натпреварите за 5. место (Шведска – Португалија 25-26) и мечот за 7. место Исланд – Швајцарија (29-26).

Се вчитува...