Франција ја „прегази“ Италија за финале на ЛОИ

Одбојкарската репрезентација на домаќинот, Франција е вториот финалист на машкиот турнир на Летните олимписки игри во Париз.

Французите го одиграа веројатно најдобриот натпревар на турнирот и го прегазија актуелниот светски шампион Италија со максимални 3-0, по сетови 25-20, 25-21 и 25-21.

Во финалето Франција за противник ќе ја има репрезентацијата на Полска, додека во мечот за бронзата Италијанците ќе се сретнат со Соединетите Американски Држави.

 

Се вчитува...