Франција ја растури Јапонија пред Мундобаскетот

Кошаркарите на Франција славеа убедливо со 88-70 против Јапонија на пријателскиот натпревар пред Светското првенство.

Французите во завршната фаза од подготовките на тест-дуел во Токио победија по одличното прво полувреме во кое наметнаа максимално темпо со Руди Гобер како предводник.

НБА центарот на Минесота, постигна 16 поени, а одлично го поддржа Силван Франциско кој дополни со 14 поени. Кај поразените, Хиро Томинага заврши со 20 поени, додека Тогаши дополни со 15 поени.

Се вчитува...