Франција е на добар чекор да го осигура првото место во групата А откако славеше во дербито против Норвешка со резултат 31-28. „Триколорите“ водеа од првата до последната минута, целосно го диктираа темпото на игра и заслужено славеа, одмаздувајќи му се на ривалот што ги елиминираше на последното Европско Првенство во Полска. Предноста на неколку минути до крајот изнесуваше пет гола, но потоа следеа неколку исклучувања на „кариоките“, па Норвешка ја намали разликата на конечни три гола.
Карабатиќ, Мае и Ремили беа најефикасни со по пет гола за светските шампиони, кои доколку го освојат првото место во групата би се сретнале со четвртопласираната селекција од нашата група во осминафиналето.
Првата победа на овој мундијал ја забележа Катар, откако актуелните светски вицешампиони рутински го совладаа Бахраин со резултат 32-22. Катарците ја завршија работата уште во првото полувреме, рано поведоаа со 2-6 и 4-8, а потоа ја зголемуваа предноста до самиот крај. Мадади со осум гол беше најефиакасен кај Катар, Капоте постигна само три погодоци, а Шариќ имаше 11 успешни интервенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА