Франција ја стигна предноста на Хрватска, па ја елиминираше по пенал серијата

Франција во Париз со негатива од 2-0 ја дочека Хрватска во 1/4 финалето во Лигата на Нации. Со истиот резултат од првиот меч заврши реваншот во регуларниот дел, па потоа и во продолженијата.

Олисе од слободен удар и Дембеле од акција ја донесоа потребната победа во регуларните 90. минути.

Во пенал серијата Хрватите промашија во првата серија преку Батурина, чиј удар беше одбранет од Мињон. До крајот на серијата и двете селекции имаа по едно промашување, а потоа Тео Хернандез ја презеде улогата да биде херој, но се претвори во трагичар, откако го промаши клучниот пенал.

Немаше повеќе право на грешка, а во седмата серија Мањон го одбрани пеналот на Станишиќ, а потоа Упамекано ја „заби“ топката во мрежата на Ливаковиќ за големо славје на „Стад Д’Франс“.

Франција во Штутгарт во полуфиналето во Лигата на Нации ќе игра против Шпанија.

Се вчитува...