Франција ќе мобилизира 10.000 полицајци за полуфиналето со Мароко

Околу 10.000 полицајци, вклучувајќи 5.000 во Париз и регионот, се мобилизирани за среда навечер кога Франција игра против Мароко, објави францускиот министер за внатрешни работи, Жералд Дарманин.

Прецизираше дека најпознатата улица „Шанзелизе“ нема да биде затворена за сообраќај за време и после натпреварот со Мароко, иако градоначалникот на Париз го сакаше сосема спротивното, за да се запази безбедноста на овој булевар.

Околу 1.500 полицајци беа минатата недела кога Мароко и Франција се пласираа во полуфиналето. Тогаш 20.000 лица се собраа во центарот на Париз за да го прослават пласманот на Мароко, а потоа и на Франција.

Во Франција има многу Мароканци, па за да не дојде до проблеми, француската полиција уште од сега презема мерки.

Се вчитува...