Француската кошаркарска репрезентација ќе одигра пет натпревари против Црна Гора, Велика Британија, Шпанија и Грција во рамките на подготовките за Евробаскет 2025 година.
Французите официјално го објавија планот за подготовки, а пријателскиот маратонски натпревар ќе започне со дуелот против Црна Гора во Франција на 4. август.
Тие подоцна ќе се сретнат со Велика Британија на домашен терен на 8. август, пред да одиграат два натпревари против Шпанија на 14. август во Бадалона, а потоа на 18. август во Париз.
Франција ќе ги заврши подготовките за турнирот со мечот против Грција во Атина на 24. август. Евробаскет 2025 ќе се одржи од 27. август до 14. септември во Кипар, Финска, Полска и Латвија.
Франција ќе игра во групата Д во Катовице, Полска, каде ќе игра со домаќинот Полска, Исланд, Белгија, Израел и Словенија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА