Франција лесно со 35-24 ја совлада селекцијата на Црна Гора, и направи уште еден чекор кон 1/4 финалето на ракометниот Мундијал. Фаворитот имаше „отпор“ само првиот дел, откако на паузата замина на одмор со само три разлика, а потоа Французите дадоа „гас“ и на крајот го добија мечот со +11.
Најефикасен во составот на Франција беше Ричардсон со 10 гола.
Во вториот меч, Ислан лесно го совлада составот на Зеленортските острови. На полувреме беше пет поени разлика, а во вториот дел исто толку, за вкупно 10.
Гудјонсон со шест гола беше најефикасен кај Исланд, додека Пина кај Зеленортските острови постигна неверојатни 11 гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА