Репрезентацијата на Фарски острови успеа да да одигра реми 1-1 против силната Франција во рамки на квалификациите за Европското првенство до 21 година, што ќе се одржи во 2023 година.
Државата која никогаш никој не би ја сметал за сериозен фудбалски противник, приреди сензјација и шок на фудбалската сцена, откако успеа да успешно да се спротистави на една од најталентираните фудбалски нации во светот и остана не поразена.
За потцетување Македонија пред неколку денови загуби со убедливи 3-0 на гостувањето кај Франција во Ле Ман и немаме ниту еден удар кон противничкиот гол. Инаку, Македонија утре во рамки на 2.коло се среќава со Србија на стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид.
На табелата во групата Х сега Франција и Фарски острови се на врвот со по четири бодови. Сепак, Фарски острови има еден натпревар повеќе, бидејќи одигра веќе два пати со Ерменија и еднаш ја победи со 2-0 на домашен терен, но загуби на гости со идентичен резултат.
Амин Гуири ги доведе фаворитите во водство уште во осмата минута. Тоа можеби беше најава за убедлива победа, но домаќините не мислеа така и погодија во 55.минута преку Стефан Локин за 1-1 што се покажа како конечен резултат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА