Репрезентацијата на Франција се соочува со проблем пред претстојниот двомеч со Хрватска во четвртфиналето од Лигата на Нации. Селекторот Дешамп остана без една значајна опција во нападот, откако Маркус Турам отпадна од комбинација за настап поради повредата заработена на еден од последните натпревари во дресот на Интер.
Тренерот Инзаги ја намали минутажата на Турам во последните дваесетина дена, голгетерот замина на лекарски прегледи во националниот тим, по што беше донесена одлука дека е најдобро тој да се врати на мирување и лекарски третмани во Милано, за да не се ризикува со посериозна повреда.
Иако Турам е голгетер од највисока класа, францускиот селектор сепак има бројни врвни опции за овој дел од тимот, ако се знае дека Дешамп на располагање ќе ги има Мбапе (Реал Мадрид), Олис (Баерн), Коло Муани (Јувентус), Дембеле, Баркола и Дуе (ПСЖ).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА