Франција повторно не победи, се подалеку нокаут фазата за големиот фаворит

Еден од најголемите фаворити за златниот медал на машкиот ракометен турнир и актуелен бранител на тронот Франција е на чекор од елиминација на игрите на кои е домаќин во Париз.

Французите и на третиот меч не победија, а овој пат се спасуваа во последната секунда од пораз против Египет (26-26). Пикерот Фабрегас беше човекот кој ги задржа барем минимално шансите за Франција за пласман меѓу осумте најдобри на ЛОИ во Париз.

Најдобар стрелец кај Египет беше Јахја Омар со осум гола, пред Ахмет Адел со шест, додека кај Франција, Дескат, Фабрегас и Мем имаа по четири гола.

Се вчитува...