Отварањето на Светското првенство 2023 донесе суперинтересен натпревар во кој силите си ги одмерија Франција и Полска, а на победа се радуваа Французите кои славеа со 26-24. „Триколорите“ беа подобриот противник во поголемиот дел од мечот, но отпорот на Полјаците го надминаа во самата завршница во која стигнаа до преднсот од три гола, која сепак беше преголем залак за еден од домаќините на турнирот.
Полска со мини серија успеа да направи блага предност на отварањето на натпреварот, но Французите умешно одговорија за со серија од 4-0 да ја донесат предноста на своја страна. Мечот проследен со серии продолжи и до крајот на првото полувреме. Прво Полска успеа да изедначи на 8-8 за со нова серија „триколорите“ да стигнат до 12-8, но завршницата на првите 30. минути повторно им припаднаа на домаќините на турнирот кои успеаја да се вратат на 14-13.
Второто полувреме донесе и резултатска неизвеноста, а во играта „гол за гол“ проследна со четири изедначувања подобро се снајде Франција која на три и пол минути до крајот поведе со 25-22. Полска се обиде да се врати во мечот, но немаше сили за ново изедначување.
Мем со шест гола ја предводеше Франција, додека Шичко беше лидер на Полска со седум гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА