Франција со победа над Црна Гора од 36-27 го продолжи европскиот сон за пласман во големото полуфинале на ЕП. „Петлите“ сега се на еден чекор до остварување на својата мисија, но работите не зависат од нив, па останува последната пречка наречена – Данска.
Голманот на Франција, Џерард, како и Севаљевиќ од Црна Гора, поради невнимателност добија црвени картони уште во раната фаза од натпреварот, а по нивните исклучувања натпреварот доби уште поголема динамика и борбеност.
Првото полувреме беше неизвесно, иако Французите го добија со солидна предност од 12-16. По една тесна и жестока борба на теренот во првиот дел, Франција експресно ја „торпедираше“ репрезентациајта на Црна Гора и уште во 45. минута од натпреварот ја откажа од било каква надеж за чудо.
Франција рутински го заврши овој двобој, обезбедувајќи значајна победа со која се доближи до последната пречка од пласман во полуфиналето. Кај победниците се истакна Дика Мем со 7 гола, исто како и Милош Вујовиќ кај Црна Гора.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА