Франција се бореше, но „Дрим тимот“ го одбрани златото

Кошаркарите на САД се новите/стари олимписки шампиони, откако вечерва во финалето во Париз ја совладаа Франција со 98-87.

Американците уште од почетокот покажаа дека немаат намера да го испуштат златото. Се стекнаа со предност од +5, а до полувреме имаа веќе осум.

Во вториот дел Французите на неколку пати се обидоа да се доближат, но секогаш САД доаѓаше до шанса повторно да се одлепи. Во финишот шутот проработи кај Стеф Кари, и тоа беше погубно за домаќинот. Кари на крајот уфрли седум тројки и заврши со 21 поен.

Вембенјама беше најефикасен со 23 поени, но тоа беше слаба утеха.

Се вчитува...