Франција се надева на настап на Вембенјама на Евробаскетот

Виктор Вембенјама, еден од најпреспективните кошаркари во историјата ја заврши сезоната 2024/25 на клупско ниво поради несекојдневен проблем – длабока венска тромбоза во десното рамо, причина поради која помина и низ оперативен зафат.

Младиот француски центар сега е во процес на рехабилитација, а француската федерација се надева дека ќе може да смета на неговите услуги за престојниот Евробаскет.

„Зборевме со Виктор пред операцијата, мотивиран е да биде дел од тимот. Ќе видиме како ќе се одвива неговата физичка состојба и ќе донесеме одлука во правото време. До тогаш постојат многу неизвесности. Тој се чувствува добро и се се одвива во вистинска насока со рехабилитацијата“, изјави новиот селектор на Франција, Фредерик Фоту.

Се вчитува...