Франција се тресе: Се повреди Килијан Мбапе

Француската спортска јавност ја очекуваат денови на неизвесност откако Килијан Мбапе заработи повреда на две седмици до стартот на СП во Катар.

Најдобриот француски фудбалер настапи од првата минута на денешното гостување на ПСЖ против Лориен, а во финишот побара замена жалејќи се на болка во пределот на мускулот. Тој веднаш беше заменет и по укажаната лекарска помош крај клупата се упати кон соблекувалната придружен од членови на лекарскиот тим на ПСЖ.

Се очекува во наредните 48 часа да биде обелоденета и дијагнозата по најновата повреда во францускиот табор, која сигурно ќе предизвика нови главоболки кај селекторот Дидие Дешамп. За потсетување, „триколорите“ веќе останаа без помошта на Погба, Канте и резервниот голман Мењан, а со повреди пред стартот на СП се мачат и Бензема и Хернандез.

Се вчитува...