Францускиот селектор Гилјом Жил го објави финалниот список на „триколорите“ за ЕП 2024, шампионатот што големиот фаворит ќе го отвори токму со дуел против Македонија на 10 јануари во Дизелдорф.
Јасно е дека Французите повторно ќе имаат моќен состав со кој ќе атакуваат на златото, ова ќе биде последното ЕП во кариерата на Никола Карабатиќ, тука ќе бидат и Дика Мем, Мелвин Ричардсон, Фабрегас, Мае… доволна причина за главоболка на сите ривали на францускиот дрим-тим.
Од ракометарите кои беа дел од подготовките во изминатиот период, на конечниот список на селекторот Жил не се најдоа Тибо Брие и Ајмерик Мин.
„Поради проблемите на Јанис Лен со грбот сакавме да ја засилиме позицијата десно крило со Беноа Кунку. Така, беше донесена одлука Брие и Мин да отпаднат од комбинација“, објасни кратко селекторот Жил.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

