Франција со минимална предност на полувреме против Мароко (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Франција има предност од 1-0 против Мароко на полувреме во второто полуфинале на Светското првенство во Катар.

Водство за Французите од 1-0 донесе Тео Хернандез уште во 5. минута од натпреварот. Интересно е тоа што Хернандез е првиот противнички фудбалер на овој шампионат кој успеа да ја начне мрежата на голманот на Мароканците Боно.

Во 17. минута Французите ја имаа и втората шанса откако Оливие Жиру биеше одлично, но стативата беше сојузник на мароканскиот голман. Во 21. минута селекторот на Мароко Реграгуи мораше да направи принудна измена, откако капитенот Саис се пожали на повреда, а на негово место влезе Амалах. Првата вистинска шанса Мароканците ја имаа во 45. минута кога одлично со „ножички“ биеше Ел Јамик, но шутот заврши во стативата.

 

 

France [1] – 0 Morocco – Théo Hernandez 5′ from soccer

 

Jawad El Yamiq (Morocco) hits the post against France 45′ from soccer

Се вчитува...