Франција со трагичен автогол на Вертонген до четвртфинале (ВИДЕО)

Франција е петтиот четвртфиналист на ЕВРО 2024 откако во осминафиналето славеше минимално со 1-0 против Белгија на дуелот во Дизелдорф.

Французите имаа поактивна игра на теренот од противникот, но на крај среќно дојдоа до победата со несреќен гол на Вертонген.

Коло Муани во 85. минута од свртување упати еден смешен шут кон голот на Белгијците, но топката ја зафати Вертонген менувајќи го правецот и совладувајќи го сопствениот голман…

Се вчитува...