Домаќинот на Летните олимписки игри во Париз, Франција со победа над Бразил од 78-66 го стартуваше кошаркарскиот турнир.
Бразилците одиграа одлично во првата четвртина па по десет минути игра имаа позитива од 15-23. Франција заигра подобро до крајот на првото полувреме, па веќе на пауза успеа да направи целосен пресврт (39-36).
Во второто полувреме триколорите одиграа одлично во одбраната, па на крајот заслужено стигнаа до првата победа на турнирот (78-66). Виктор Вембањама со 19 поени беше прво име кај победникот, додека кај поразените Мејндл постигна 14 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА