Актуелниот светски шампион Франција славеше убедлива победа против Србија со 32-21 во второто коло од групата А на СП 2019 во Германија и Данска. Србите пружија силен отпор во првото полувреме, но немаа сила за сензација против силните Французи кои беа доминантни во вториот дел и ја прославија втората победа на Мундијалот.
Србите по првиот натпревар со Русија останаа без десниот бек, Немања Зеленовиќ, но и покрај овој хендикеп, Србите влегоа решително во пресметката со светските шампиони и во првото полувреме успеваа достојно да се спротивстават и да држат чекор со фаворито, а до 9-8 и минимална предност.
Со серија од 5-0, Франција успеа да се одлепи на 13-9, но Србите не се предаваа и со прекрасен погодок на Иван Мошиќ од слободен удар во финишот на првиот дел, успеаја да го намалат водството на Франција на 15-12.
Французите го засилија темпото на почетокот од второто полувреме кога успеаја да направат серија од 7-1 и да се одлепат на +9 (22-13). Но, и покрај убедливото водство на Франција, Србите со сите сили се бореа да останат во игра.
Сепак, силата и квалитетот на Франција дојдоа дополн израз во последната четвртина кога актуелните шампиони го засилија ритамот и за неколку минути стигнаа до највисоки +11 (28-17), ставајќи им крај на надежите на Србија која во финишот загуби здив.
Недим Ремили и Лудовик Фабрегас постигнаа по пет, а Кентин Мае запиша четири гола во победата на Франција. Во репрезентацијата на Србија, анјефикасен беше Богдан Радивојевиќ со шест гола.
Во третиот натпревар од Ц групата во Хернинг, Данска го совлада Тунис со 36-22 и ја запиша втората очекувана победа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА