Франција ќе игра со Мароко во полуфиналето на Светското првенство 2022 во Катар, откако во четвртфиналната пресметка во повеќе од драматичен меч во кој Англија промаш и пенал дојде до триумф од 2-1.
Франција се стекна со предност во раната фаза од мечот, уште во 17. минута со извонредниот шут на Чуамени од 25 метри.
По водството на Французите по првото полувреме, Англија успеа да израмни со погодокот од пенал на капитенот Хари Кејн во 54. минута од средбата. Кејн успеа да дојде до својот 12-ти гол на големите натпреварувања за Англија.
ГОЛОТ ОД ПЕНАЛ НА КЕЈН МОЖЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ НА СЛЕДНИОТ ЛИНК
Французите, по израмнувањето на Хари Кејн од пенал, дојдоа до водство од 2-1 со голот на Жиру во 78. минута.
Но, по само три минути игра нов пенал за Англија, по ВАР-реакција. Сепак, во 84. минута Кејн успеа да го промаши целиот гол не успевајќи да донесе ново израмнување за својата селекција.
Кејн, на тој начин, директно влијаеше за елиминацијата на својата репрезентација. Покрај Франција – Мароко, во втората полуфинална пресметка на шампионатот ќе се соочат и Хрватска – Аргентина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА