Франција во тага: Почина легендарен фудбалски тренер и поранешен селектор

Францускиот тренер Жан-Луј Гасе, почина денеска на 72 годишна возраст. Гасе кој некогаш беше играч од средниот ред, а потоа и тренер, последните денови во фудбалот ги мина како тренер на Монпеље, од кој си замина во април оваа година.

Тој во неколку наврати работеше во Монпеље, а беше и асистент на Лорен Блан кога Бордо стана шампион на Франција, а потоа на Блан му беше асистент и во ПСЖ со кого освои три титули во Лига 1.

Гасе работеше и како селектор на Брегот на Слоновата коска од 2022 до 2024 година. Работеше кратко и во Олимпик Марсеј, а беше тренер и на Бордо, Сент Етјен, Истрес и Каен.

Се вчитува...