Франција жестоко го осуди нападот над Фрапар во грчкиот шампионат

Судиската организација на Франција жестоко реагираше на физичкиот напад на играчите и стручниот штаб на Арис врз судијката Стефани Фрапард за време на финалето на Купот на Грција.

Фрапар им покажа два црвени картони на играчите на Арис, еден на Панатинаикос, а на крајот тимот од Атина победи со 1-0 со гол длабоко во судиското надополнување.

Епилогот од мечот, како и одредени одлуки на Фрапа толку ги збеснаа солунчани што физички ја нападнаа прворангираната европска судијка, толку многу што полицијата мораше да ја извади од теренот.

Грдите сцени секако ги видоа нејзините колеги во Франција, каде во текот на денот пристигна изјава и осуда за однесувањето на играчите и претставниците на Арис.

„Ваквото однесување е доказ за целосно непочитување и најбесмислена негрижа кон судењето и пристрасноста на играчите на овој натпревар. Однесувањето на поразениот тим на крајот од натпреварот е недостојно за вредноста на фудбалот“, стои во соопштението на Судиската организација на Франција.

Во грчкиот фудбал веќе долги години е практика најважните натпревари во грчкиот фудбал да ги судат странски судии, а тоа беше случај во текот на целата сезона што штотуку заврши.

Се вчитува...