Француска мода – ПСЖ доби „фенси“ дрес за загревање (ФОТО)

Тимовите на ПСЖ ќе добијат интересни дресови кои ќе ги користат само на загревањето пред натпреварите.

Американскиот производител на спортска опрема „Најк“ дизајнирал специјални дресови кои парискиот клуб ќе почне да ги употребува од јануари 2019 година.

Се работи за бели дресови со црвени и сини лилјани по целата површина. Навивачите на ПСЖ се воодушевени од необичниот дизајн и сметаат дека овие дресови ќе биде добро да се користат и за натпреварите.

Се вчитува...