Француската лига го суспендираше Немања Матиќ

Дисциплинската комисија на француската Лига 1 го суспендираше играчот на Лион, Немања Матиќ, на два натпревари и уште два натпревари условно поради покривање на знамето со боите на виножитото, кое беше дел од кампањата против хомофобијата.

„По сослушувањето на играчот, комисијата го санкционираше Матиќ со суспензија од два натпревари и условна казна од два натпревари. Дополнително, комисијата му понуди на играчот, а тој веднаш се согласи за време на сослушувањето, да учествува во кампања за подигање на свеста за борбата против хомофобијата во фудбалот во рок од шест месеци, во соработка со професионалното здружение кое работи заедно со ЛФП во текот на целата сезона со клубови и навивачи“, се вели во соопштението на комисијата.

Во натпреварот од последното, 34. коло од Лига 1, Матиќ ги покри боите на виножитото со бела лента на дресот на Лион и со тоа одби да учествува во кампањата против хомофобијата организирана од француската фудбалска лига.

Се вчитува...