Француската лига потврди: Нема клаузула од 300 милиони евра во договорот на Нејмар со ПСЖ

Пари Сен Жермен не може така лесно да го загуби Нејмар, дури и ако Бразилецот нема веќе желба да го носи дресот на „светците“. Иако се појавија гласини дека Нејмар има клаузула во својот договор дека е слободен за сума од 300 милиони евра, сепак, Француската професионална лига потврди дека нема таква ставка во официјалниот документ.

Бразилецот минатото лето од Барселона се пресели во ПСЖ за 222 милиони евра, откако раководството на францускиот клуб ја активираше откупната клаузула.

Нејмар во првата сезона за новиот клуб постигна 28 гола и имаше 16 асистенции во сите конкуренции, но заработи и сериозна повреда на скочниот зглоб која го оддалечи од терените. Тој ќе отсуствува до крајот на сезоната, но треба да биде подготвен за настап на Светското првенство во Бразил.

 

Се вчитува...