Францускиот фудбалер Осман Дембеле е пред сензационален трансфер во Манчестер јунајтед, за вртоглави 50 милиони фунти, откако минатото лето потпиша договор со Борусија Дортмунд и веднаш се наметна како еден од најдобрите млади фудбалери во Европа. Францускиот тинејџер минатото лето ги одби англиските гиганти и уште неколку европски великани, со цел да заигра пред „жолтиот ѕид“, но со добрите настапи за „милионерите“ повторно го привлече вниманието на „црвените ѓаволи“.
На Мурињо му е потребен нов брз играч за крилните позиции, а Дембеле иако е млад, сепак веќе има и завидно искуство. Тој е стандарден првотимец кај Тухел, игра се подобро и подобро на секој меч. Годинава на 36 натпревари во сите конкуренции постигна осум гола и 16 асистенции.
Од раководството на „милионерите“ се сигурни дека нивната ѕвезда ќе остане и по крајот на оваа сезона и дека ниту парите на Јунајтед нема да го предомислат Дембеле да ја смени средината. Борусија Дортмунд направи одличен бизнис околу купувањето на талентираното крило, исплати само 15 милиони евра на Рен, а ќе заработи многу повеќе ако одлучи да замине од германскиот клуб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА