Француски бек во „двојката“ на Пелистер

Трендот на ангажман на странски засилувања во мак-ракометот продолжи и со вториот тим на Е. Пелистер, кој по враќањето назад во елитното друштво реши да доведе и засилување надвор од Македонија.

Станува збор за 26-гоишен Французин, Баптист Одифред е десен бек кој би требало да му биде од голема помош на вториот тим на битолчани во борбата за опстанок во елитното друштво.

Станува збор за играч кој има настапувано за Дижин и за Безансон во Франција, но потоа се преселил во Луксембург, а во неговата биографија стои и дека настапувал во Јапонија, како дел од екипата на Даидо Стил.

„Пелистерци“ потпишаа двогодишен договор со овој 199-сантиметри висок десен бек, кој официјалната промоција ќе ја има во Битола кон крајот на овој месец.

Се вчитува...