Француски министер бара да се прекинуваат фудбалските натпревари

Францускиот министер за внатрешни работи Бруно Ретахо денеска изјави дека фудбалските натпревари треба да се прекинуваат кога од трибините ќе се слушнат хомофобични пароли.

Ретахо изјави за француското радио „Интер“ дека две лица се идентификувани под сомнение дека започнале хомофобични скандирања меѓу навивачите на ПСЖ за време на натпреварот на Паркот на принцовите минатата недела против Стразбур.

„Тие треба да бидат најстрого казнети. Стана неподносливо. Не можеме повеќе да толерираме хомофобично скандирање. Нема да трпам повеќе“, додаде тој.

За време на натпреварите од француската лига често се слушаат хомофобични скандирања, толерирани од клубовите, а фудбалските власти се борат да најдат соодветни начини за справување со проблемот.

Минатиот викенд Пари Сен Жермен на домашен терен го победи Стразбур со 4:2, а дел од навивачите на домашната екипа извикуваа навредливи пароли кон фудбалерите на Олимпик од Марсеј и нивниот играч Адриен Рабио кој во минатото беше дел од ПСЖ.

Се вчитува...