Француски Рен доби нов тренер

Францускиот фудбалски прволигаш Рен за нов тренер го назначи поранешниот репрезентативец на Сенегал Хабиб Беје, кој на таа позиција ќе го замени поранешниот аргентински селектор Хорхе Сампаоли.

Сампаоли доби отказ по седум порази во последните десет натпревари поради кои клубот од Бретања падна на само 16. место на табелата, односно на позиција која води во бараж за опстанок.

Беје, кој досега беше тренер само на парискиот второлигаш Ред Стар, договори соработка со Рен до крајот на сезоната.

Се вчитува...