Уште првиот ден на новото издание на Вимблдон донесе историја, откако веќе има нов рекордер брзина на сервис. Првиот поен од натпреварот беше доволен за Џовани Мпеши Перикард да го сруши рекордот на турнирот на Тејлор Дент од 2010 година од 238,2 километри и да го подобри на 239,8 километри на час.
Веќе на 30-0 во истиот гем, тој повторно го подобри рекордот – 246,2 км на час.
Тоа беше одлична најава за натпреварот кој се уште не е завршен. Тенисерот од Франција ги доби првите два сета против Тејлор Фрицно фаворитот не се предаде. Фриц беше единствениот кој освои две титули на трева летово – во Штутгарт и Истбурн успеа да израмни на 2-2.
Петтиот сет поради полицискиот час во тој дел на Лондон мораше да биде прекинат, а мечот својот крај ќе го има денеска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

