Француски тенисер суспендиран на 10 години поради местење

Агенцијата за интегритетот во тенисот, го казни францускиот играч Лени Митјанa со 10 години забрани за настапи поради учество во наместени натпревари во 2017 и 2018 година.

Казната на Митјана е изречена после истрага во Белгија поврзана со обложувачки измами, а донесена е поради наместени мечеви, влијание на противниците да не даваат се од себе како и непријавување на личноста која предложувала местење.

Најдобриот ранкинг на кариерата му беше 458 место, а тој ги негираше сите обвиненија.

Се вчитува...