Француски тренер со скандалозна изјава: „Сите ние сме допирале девојчиња…“

Екипата на Анже во моментов се наоѓа на последното место во француската Лига 1, а сега дополнителни проблеми им прави однесувањето на играчот Илјес Шети кој е обвинет за сексуално вознемирување.

Шети, кој е вториот во Франција кој е обвинет за напад после Ашраф Хакими од ПСЖ, е обвинет дека сексуално малтретирал девојка во ноќен клуб во текот на зимската пауза. Тој во Анже дојде вминатото лето од Есперанса од Тунис, а има три настапи за селекцијата на Алжир.

Сега во целата приказна се вклучи и неговиот тренер Абдел Буазаме кој што не само што застана во одбрана на својот играч, туку и кажа нешто што може да си направи проблем. Тренерот се обидел да ги мотивира своите играчи пред гостувањето во Монпелје, со тоа што ќе ја смали аферата на Шети, но според изјавата ќе влезе во скандал.

„Не е толку лошо, сите ние веќе сме допирале девојчиња“, изјави Буазама на постапките на Шети, а тоа може и тоа како да му се „одбие од глава“.

Се вчитува...