Поранешниот голман на француската фудбалска репрезентација, Бруно Мартини почна денска во 58-година од животот соопшти Монпелје, клубот каде што работеше како помошник тренер. Мартини бил хоспитализиран откако минатата недела доживеал срцев удар за време на тренинг.
Најголемиот дел од кариерата ја помина во Оксер и во Монпелје. За француската репрезентација настапуваше во периодот од 1987 до 1996 година. По завршувањето на играчката кариера во 1998 година во Монплеје, Мартини стана тренер на голманите во француската репрезентација која ги освои европските титули во 2000 и во 2006 година.
„Денес францускиот фудбал жали за еден од најголемите голмани во својата историја и еден од најверните работници на Монпелје и на теренот и надвор од него. Остави слика на добар човек, секогаш подготвен да помогне, никогаш не пропушташе прилика да подели добар збор со соговорниците. Почивај во мир. Бруно, веќе ни недостигаш“ – стои во соопштението од Монпелје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

