Францускиот мега-талент: Во нападот сакам да сум како Дурент, во одбраната како Гобер (ВИДЕО)

Французинот Виктор Вембањама е следното „голема нешто“ во светот на кошарката. Доскорешниот член на евролигашот Асвел во новата сезона нема да настапува во најелитното европско натпреварување со оглед на тоа што ова лето ги промени клупските бои и потпиша за Метрополитан 92, но и покрај тоа предвидувањата се дека ќе биде првиот избор на престојниот драфт пик на НБА.

Осумнаесетгодишникот со 220 сантиметри ја покрива позицијата крилен центар, а ги надминува сите предиспозиции предвидени за толку висок играч. Има одлична контрола на телото и топката, со својата висина одлично го штити рекетот и има одличен тајминг, може да изгради позиција за шут, а може да погоди и далеку зад линијата 6,75. Скаутите на НБА клубовите го величат како новиот Леброн Џејмс.

Говорејќи за медиумите во Франција мега-талентот вели дека сака да биде најдобар на сите времиња. Идоли му се Адетокумпо и Дурент, а во дефанзивата сака да биде како Гобер.

„Не би сакал мојата игра во голема мера да потсетува на само еден кошаркар. Тоа би значело дека не сум доволно амбициозен. Ако морам да изберам два играчи на кои се угледувам тоа се Јанис Адетокумпо и Кевин Курент. Тоа се моите идоли. Дефанцизно најсличен ми е Руди Гобер. Сакам да бидам најдобар на сите времиња“, вели Вембањама.

Се вчитува...