Напаѓачот на француската репрезентација Рандал Коло-Муани би можел зимава да се пресели во Милан. Според италијанските медиуми, „росонерите“ сакаат да ангажираат уште еден напаѓач, па така веќе испратиле понуда за позајмување на напаѓачот кој е дел од ПСЖ.
Има два проблеми околу можниот трансфер. Првиот е што ПСЖ ќе бара од новиот клуб целосно покривање на неговата плата која изнесува 4 милиони евра годишно. Вториот е дека за него се заинтересирани Јувентус и Баерн Минхен, кои би биле жестока конкуренција за Милан.
Во тековната сезона, Коло-Муани одигра 10 меча и постигна 2 гола во Лига 1. Фактот дека не игра пречесто би можел да биде силен адут ПСЖ да го пушти да замине во друг клуб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА